3 април 2026
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на потпишување меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за иновации научно технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и државните универзитети. (Свечена сала во Влада/12:00)
Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, ќе одржат прес-конференција. (Простории на Државниот завод за статистика, ул.Даме Груев 4, во тренинг центарот на 5 кат/11:00, пристигнување на медиумите/10:45)
Долнени - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи – Шаќири во работна посета на општина Долнени. (11:00)
Тетово - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на манастирскиот комплекс во Лешок. (11:00, изјави за медиуми/11:30)
Скопје - Стопанската комора во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), организираат настан на тема „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор“. (Стопанска комора, сала 4 на 5 кат /10:30)
Битола - Меѓународна конференција на тема „Малку поинаква настава“ за наставниот кадар по англиски јазик во училиштата и факултетите во организација на Издавачката куќа Експрес Паблишинг.
Охрид - Социо-здравствен саем: институции, лекари и граѓани во заедничка мисија за превенција и подобро здравје во организација на Здружението на лица со дијабет – Охрид, во партнерство со Аптеки „Виа Фарм“ и Центарот за ментално здравје, раст и развој „Психонаутика“. (Општина Охрид/11:00, изјави за медиуми се предвидени по отворањето, за време на паузите и првиот и вториот ден, како и за време на ЕКСПО денот)
Скопје - Настан „Without Commercial Value“, сеќавање посветено на уметникот Мето Ангелов (1977–2025). (КСП Центар-Јадро/19:00)
Скопје - Петто издание на „Отскочна даска“, преднастан на Скопскиот поетски фестивал, наменет за млади поети. (Кафе-книжарницата „Буква“/20:00)
Скопје - Изведба на монодрамата „Безгрешна (Immaculata)“ - сценско остварување инспирирано од романот „Маријиниот завет“, омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур, во продукција на СНГ Марибор. (МНТ/20:00)
Скопје - Изведба на операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. (Национална опера и балет/20:00)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***