• Thursday, 09 April 2026

МИА Најави- МКД

МИА Најави- МКД

9 април 2026

Струга - Премиерот Христијан Мицкоски во посета на општина Струга, каде ќе присуствува на почеток на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа, ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на туристичката улица во Струга и ќе присуствува на увид на градежни активности на реконструкција на улицата во населбата Езерски Лозја. (изјава за медиуми по увидот на туристичката улица/12:00)

Скопје - Новите вицегувернери на Народна банка на Република Северна Македонија Ана Митреска и Игор Величковски ќе дадaт свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Охридска сала-Собрание/9:30) 

Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Гевгелија - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе ја посети Психијатриска болница Негорци - Гевгелија по повод реконструкција на хронично одделение. (10:30)

Скопје - Ромскиот културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ од Скопје го организира настанот „Гласот на ромската жена“. (во Музејот на современа уметност во Скопје/19:00)

Скопје - Wizz Air организира отворен ден за пилоти со цел поддршка на растот во Скопје. (Хотел „Тимс“ на ул.„Орце Николов“ 120 / во 16:00 и во 18:00)

Скопје - Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотеката на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. (во новото кино „Киноверзум“ во Драчево/19:00)

Битола - Концерт на Анже Хелмштетер и Јардани Торес Маиани во рамки на месец на Франкофонијата. (Офицерски дом /19:30)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***