27 март 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/11:30)
Скопје - Седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 5/12:00)
Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/12:00)
Охрид - Петти интерпарламентарен форум на делегациите од Југоисточан Европа во ПС на ОБСЕ. (х.„Инекс Олгица“, конференциска сала „Дијамант“/10:00)
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по повод одбележување 20 години работење и инвестиции во енергетската инфраструктура ќе присуствува на отворање на нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје. (ул. „Ленинова“ бр.45/ 12:00 предвидена е изјава за медиуми)
Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер, ќе се обратат на настан по повод одбележување на Светскиот ден на водата 2026. (х.„Холидеј ин“/ 12:00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу. (Министерство за здравство (горна сала) / 12:00)
Ранковце - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ ќе посети населени места во општина Ранковце. (Опила/18:00, Псача/19:00, изјава за медиуми пред настанот во Опила)
Скопје - Факултетот за безбедност - Скопје организира научно-стручна конференција на тема „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Република Северна Македонија“. (Клуб на пратеници / 11:00)
Скопје - Изјава за медиуми на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер, Александар Николоски, и претседателот на Унијата на млади сили и пратеник Сергеј Попов. (Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ / 10:00) По изјавата е предвидено е отворање на настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата „Конрад Аденауер“, во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, на кое обраќање ќе имаат Сергеј Попов, Александар Николоски и директорот на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, Даниел Браун.
Скопје - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе одржи брифинг со медиуми. (Седиште на партијата, сала на ИО, 2 кат, со камери / 11:00)
Скопје - Во Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите на која ќе биде презентиран трудот: „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ од Кирил Симеоновски. (Народна банка/13:00)
Скопје - Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи јавна презентација на резултатите од годишната анкета „Business & Investment Indicator 2025“. (Стопанска комора, сала 4, 5-ти кат/12:00)
Скопје - Втора годишна научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија. (х. „Хилтон“)
Скопје - По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар ќе потпише Договор за покровителство со Динес клуб интернатионал Мак АД Скопје. (Драмски театар, 12:00, изјави за медиумите по потпишувањето на договорот) Крводарителска акција во организација на ДТС (фоаје на театарот/11:00-17:00)
Скопје - Почнува 32. издание на Fashion Weekend Skopje. (Diamond Area Space)
Битола - Завршен настан за проектот „Младите и менталното здравје“. (Офицерски дом/11:30)
Скопје - Почнува фестивалот „Кларифест - Скопје 2026“ со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државата. (КИЦ-Скопје, „Салон 19:19" / 19:30)
Скопје - Премиера на претставата „Кој сум јас?“ од Митко Чешларов во режија на Наташа Поплавска. (Театар Комедија/20:00)
Скопје - „Миланова игра“ - концерт во чест на маестро Милан Завков. (Филхармонија)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***