• Saturday, 14 March 2026
МИА Најави МКД (ДПЛ)

14 март 2026

Скопје - „Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“ во организација на Владата. (х. „Хилтон“ /09:30-18:00)

-Воведни обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски (9:30)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на отворањето на ученичкиот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 UNEARTHED Chal-lenge“, во организација на Академијата за роботика и иновации. (Дајмонд Мол/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. (Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1) /11:00) 

Скопје - Две последователни прес-конференции во СДСМ. (Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор на СДСМ /11:00; Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ /11:15)

Скопје - Организацијата „Јас сум жена“ во соработка со Старт ап Клубот во Скопје, го реализира женскиот форум „Women Economic Forum: Smart Money Talks“, со времетраење од 12.00 до 14.00 часот. Фокусот е на економско овластување на жените, финансиски вештини и споделување искуства од женски лидери во бизнисот. Панелистки се: Јасмина Христовска, креатор на „Монета“, Кристина К.Павлеска, советничка во НБРМ, Костандина Зафировска, генерална менаџерка во IT Labs и Ана Лабор, сопственичка на „Духот на Преспа“. (Старт ап клуб Скопје, Среќа бар Аеродром 12:00)

Скопје - Саем за домашни и локални производи „Од рурално до урбано“ во организација на социјалното претпријатие БИЛКИЛАЈФ - Центар за хербализам, туризам и одржлив развој. (Јавна соба/10:00)

Скопје - Прва регионална tattoo конвенција Artist Republic 2026 во организација на Skopje Tattoo Show и Great Heart Art. (х.„Александар Палас“)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Судбината без тебе нека е проклета“ од Марга Велеска. (Галерија „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“/18:00)

Скопје - Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“ инспириран од музиката на В.А.Моцарт. (Македонска филхармонија/12:00)

Скопје - Концерт на легендарното трио од Швајцарија, THE YOUNG GODS во рамки на офф-програмата на музичкиот фестивал ТАКСИРАТ! (МКЦ)

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***