• Thursday, 19 February 2026

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

18 февруари 2026

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 85. седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, ќе одржи средба со францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер. (Собрание на РСМ, Струшка сала/12:30)

Скопје - Владата и Министерството за финансии, заедно со УНДП, Меѓународната организација на трудот – МОТ и Економскиот факултет – Скопје, организираат Годишна конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. (х. „Александар палас“ /11:00, изјави за медиуми /11:30)

Тирана - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе учествува на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на јавна дебата за новиот Предлог-закон за високо образование. (Универзитет „Мајка Тереза“ / 16:00 / Изјава на министерката Јаневска пред почетокот на дискусијата)

Скопје – Министерството за односи меѓу заедниците организира пригодна свеченост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик  - 21 Февруари. (12:00)

Скопје - Прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. (Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ / 10:45)

Скопје – Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ. (Седиште на СДСМ / 11:30

Виница - Бизнис-клубот „Европа“, како советодавно тело на Стопанска комора на Северна Македонија, организира форум „Европската перспектива на македонскиот бизнис“. (Прогресив академија во Виница, I кат /10:00)

Штип - Меѓународен Knowledge Creation Team Workshop #3, во рамките на европската универзитетска алијанса ACE2EU. (Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Тренинг-центарот на Правниот факултет /9:00, изјави за медиумите /9:30)

Скопје - Доделување лиценци (UIMLA карнети) на новата генерација професионални водичи во планина, обучени во согласност со меѓународниот стандард на Union of International Mountain Leader Associations (UIMLA), во организација на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина. (Europe House Скопје/14:00)

Скопје - Пристапно предавање на академик Блаж Боев на тема  „Ласерска аблација во геонауките, сон или реалност во Македонија“. (МАНУ, амфитеатар / 12:00)

Скопје - Промоција на книгата раскази „Егосурфер“ на Александар Русјаков. (Дајмонд мол, книжарница „Литература.мк“ / 20:00)

Скопје - Промоција на стрип-албумот „ЛОМ: Бунарот на бесконечната јанѕа“ од Ивица Дукоски и Владимир Благојевиќ. (Лабораториум /19:00)

________________________________________________________________________

 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***