• Saturday, 06 July 2024

Меѓународен фестивал ,,Кавадаречки фолклорни средби“ од вечерва во Кавадарци 

Меѓународен фестивал ,,Кавадаречки фолклорни средби“ од вечерва во Кавадарци 

Кавадарци, 4 јули 2024 (МИА) - Меѓународен фестивал ,,Кавадаречки фолклорни средби“, по петти пат започнува од вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци. Настанот што ќе трае до недела, е во организација на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“. 

- Најавуваме тридневно уживање со фолклорни ансамбли од Македонија, Словачка, Србија, Турција и Црна Гора. „Кавадаречки фолклорни средби“ се поддржани од Локалната самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Северна Македонија, соопштија организаторите. 

Притоа појаснија дека пред почетокот на концертите, сите фестивалски денови, вечерта започнува со дефиле на учесниците низ централното градско подрачје, од 19.30 часот. свд/сст/

Фото : Фејсбук на Дом на култура Кавадарци