Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
- Кандидатот на коалицијата ЦДУ/ЦСУ за германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека првата задача на новата федерална влада ќе биде да и даде на Германија поголема тежина во Европа.

Берлин, 22 февруари 2025 (МИА) – Кандидатот на коалицијата ЦДУ/ЦСУ за германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека првата задача на новата федерална влада ќе биде да и даде на Германија поголема тежина во Европа.
- Најважната задача на следната сојузна влада е повторно енергично да ја преземе одговорноста на Германија во Европската унија, рече Мерц на настан во рамките на изборната кампања на ЦДУ во Оберхаузен.
Според него, за да се постигне тоа, Германија мора да биде силна земја „политички и економски“.
Утре во Германија ќе се одржат парламентарни избори. јт/
Фото: МИА архива