• Thursday, 18 July 2024

Американскиот демократски сенатор Менендез најавил дека ќе поднесе оставка во Конгресот

Американскиот демократски сенатор Менендез најавил дека ќе поднесе оставка во Конгресот

Вашингтон, 18 јули 2024 (МИА) - Американскиот демократски сенатор Боб Менендез им кажал на своите соработници дека ќе поднесе оставка во Конгресот откако беше прогласен за виновен по шест точки од обвинението за поткуп, објави Eн-Би-Си Њуз.

На Менендез (70) му се судеше за примање мито во готовина и златни шипки за да им прави услуги на бизнисмени од Њу Џерси, како и дека работел како странски агент за Египет, што Менендез го негираше.

По изрекувањето на пресудата, лидерот на мнозинството во американскиот Сенат Чак Шумер го повика Менендез да поднесе оставка, а гувернерот на Њу Џерси Фил Марфи го повика Сенатот да гласа за отповикување на Менендез доколку тој одбие да поднесе оставка.

Обвинителите инсистираа на тоа дека повеќе од 480.000 долари во готовина, како и златни шипки во вредност од 150.000 долари, биле запленети од домот на сенаторот за време на претресот на ФБИ во 2022 година, велејќи дека тоа е приход од поткуп.

Пред да биде обвинет, Менендез ја предводеше влијателната Комисија за надворешни односи на Сенатот. рп/

Фото: МИА архива