• Wednesday, 05 February 2025

Мелони му честиташе на Трамп

Мелони му честиташе на Трамп

Рим, 20 јануари 2025 (МИА) – Италија ќе работи на зајакнување на дијалогот меѓу Европската унија и САД, изјави премиерката Џорџа Мелони, честитајќи му на претседателот Доналд Трамп за неговото враќање во Белата куќа.

- Италија секогаш ќе работи на зајакнување на дијалогот меѓу САД и Европа, кој е главен столб за стабилноста и растот на нашите заедници, објави Мелони на X, која присуствуваше на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Таа изрази уверување дека пријателството меѓу Италија и САД ќе го зајакне нивното стратешко партнерство.

Мелони рече дека сака „да се справи со глобалните предизвици и да изгради просперитетна и сигурна иднина“ за нивните нации, заедно со Трамп. јт/