• Friday, 31 January 2025

Мелони и Шолц разговараа за развојот на европските одбранбени капацитети

Мелони и Шолц разговараа за развојот на европските одбранбени капацитети

Рим, 30 јануари 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговараа за развојот на европските одбранбени капацитети, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Двајцата лидери разговараа пред неформалниот самит за европска одбрана на 3 февруари, соопшти кабинетот на Мелони.

Во фокусот на разговорот беа развојот на европските одбранбени капацитети и зајакнувањето на конкурентноста на одбранбениот индустриски сектор. Стана збор и можните методи за финансирање на потребните инвестиции. Се разговараше и за можните начини на финансирање на потребните инвестиции“, се наведува во соопштението. рп/

Фото: АНСА