• Wednesday, 05 February 2025

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг

Вашингтон, 20 јануари 2025 (МИА) – Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред денешната инаугурација на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, како 47-ми претседател на САД.

Таа синоќа на платформата X објави дека инвеститорите сега можат да ја купат нејзината монета „$MELANIA“.

Токенот се тргуваше по 11,16 долари денеска околу 11 часот по лондонско време, што е зголемување за повеќе од 50 отсто, според CoinMarketCap, најкористениот сервис за информации за криптовалути. јт/