Медиуми: Одделот за владина ефикасност ги прекршува федералните закони на САД
- Неколку невладини организации во САД планираат да поднесат тужби против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводите дека Одделот за владина ефикасност (DOGE), со кој ќе раководи извршниот директор на Х, Илон Маск, ги крши федералните закони.
Вашингтон, 20 јануари 2025 (МИА) – Неколку невладини организации во САД планираат да поднесат тужби против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводите дека Одделот за владина ефикасност (DOGE), со кој ќе раководи извршниот директор на Х, Илон Маск, ги крши федералните закони.
DOGE е обвинет за прекршување на Законот за Федерални советодавни комитети (FACA), кој бара од комитетите кои го советуваат претседателот или владините агенции да бидат повеќе транспарентни, пренесе Си-Ен-Ен.
За време на првата администрација на Трамп, повеќе комитети се соочија со тужби според законот FACA. јт/