• Friday, 18 October 2024

Медиуми: Манчини може да биде отпуштен од клупата на Саудиска Арабија

Медиуми: Манчини може да биде отпуштен од клупата на Саудиска Арабија

 

Рим, 16 октомври 2024 (МИА) – По ремито на Саудиска Арабија со Бахреин (0:0) во квалификациите за пласман на Мундијалот 2026, селекторската позиција на италијанскиот стратег Роберто Манчини е сериозно загрозена, објави денеска весникот „Газета дело спорт“.

Саудиска Арабија е третопласирана во својата квалификациска група за Светското првенство, со пет бодови помалку од лидерот Австралија.

„Мораме да им се извиниме на симпатизерите кои не поддржуваат. Ова е неприфатлива ситуација, освоивме два бода во последните три домашни натпревари. Ќе донесеме одлука“, изјави претседателот на фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасер Ал Мишехал.

Дел од навивачите на Саудиска Арабија веќе побараа оставка од Манчини, кој пред три години ја освои европската титула со Италија.

Манчини има договор со саудиската Федерација до 2027 година, кој вклучува годишна плата од 18 милиони долари плус шест милиони долари во форма на разни бонуси. ег

ФОТО: Фејсбук