• Sunday, 24 August 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР: Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило

МВР: Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Скопје, 14 август 2025 (МИА) - Поднесена е пријава за лицето од Крива Паланка кое влечеше куче со возило, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 14:45 часот во ОВР - Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М., на возраст од 59 години, затоа што на магистралниот пат село Жидилово - Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел. По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава, појаснуваат од МВР.

Фотографии споделувани на социјалните мрежи предизвикаа реакции во јавноста и беа упатени повици за построги санкции за вакви и слични дела. бд/aa/

Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерството за внатрешни работи

You May Also Like