МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
- Поради зголемен обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи - Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи од 08.00 до 18.00 часот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
- Post By Лидија Велковска
- 17:08, 15 June, 2025

Скопје, 15 јуни 2025 (МИА) - Поради зголемен обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи - Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи од 08.00 до 18.00 часот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Целта, како што појаснуваат од МВР, е да се одговори на сите барања на граѓаните. лв/
фото: МИА архива