• Sunday, 20 October 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 октомври 2024 (МИА) - На 18.10.2024 година, во 20.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од бул. „Туристичка“ со ул. „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило марка „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.С.(43) од село Лешани, општина Дебарца удрило во пешак К.С.(43) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С. , констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 18.10.2024 година, во 18.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на ул. „Маршал Тито” во Берово М.Б.(51) од Берово управувајќи мопед со беровски регистарски ознаки изгубила контрола и паднала на коловозот. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди., констатирани во  Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

На 18.10 2024 година во 07.20 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода С.М.(25) од Кочани затоа што при извршен преглед над неговото патничко возило марка „БМВ 3“ со кочански регистарски ознаки, како и во неговиот дом - биле пронајдени и одземени марихуана и гранчиња од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.10.2024 година, во 09.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(47) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат  соодветни поднесоци.

На 18.10.2024 година во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува  соодветен поднесок.

На 18.10.2024 година, во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.10.2024 година во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.10.2024 година, во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(19) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

На 18.10.2024 година, во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(20) од село Визбегово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.10.2024 година, во 22.45  часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.К.(19) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.10.2024 година, во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.К.(28) и Д.Д.(28) двајцата од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 18.10.2024 година во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ев/

ФОТО: МИА Архива