МВР Билтен
- СООПШТЕНИЕ - На 09.03.2025 во 11.20 часот на улица ,,Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле С.Ѓ.(45) од Охрид. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд Охрид за издржување на казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „разбојништво“.
- Post By Сашо Арсовски
- 12:10, 10 March, 2025

Скопје, 10 март 2025 (МИА) - На 09.03.2025 во 11.20 часот на улица ,,Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле С.Ѓ.(45) од Охрид. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд Охрид за издржување на казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „разбојништво“. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.
На 09.03.2025 во 18.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ч.С.(63) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 10.03.2025 во 00.35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници од ООВР Кичево го лишиле од слобода Ж.М.(49) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Денеска (10.03.2025) во 01.30 часот на паркинг простор на Водно, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.03.2025 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.03.2025 во 19.40 часот во населба Тризла во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.А.(22) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (10.03.2025) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги превеле Б.А.(25) и А.Б.(24), двајцата од Република Турција, затоа што кај Б.А. била пронајдена и одземена марихуана и затоа што немале регулиран престој во државата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.03.2025 во 20.35 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(35) од Куманово затоа што при пасошка контрола било констатирано дека тој и патничкото возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле предмет на потрага во врска со кривични дела по член 278-а и „фалсификување исправа“. Возилото било одземено, а тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 09.03.2025 околу 17.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола - Ресен, кај место викано „Голема кривина Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко воизило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(47) од Ресен, патничко возило „пежо 2008“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.К.(51) од Битола и патничко возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од с.Асамати, ресенско. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал возачот Г.А., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговата сопатничка Ш.А.(47) од с.Асамати, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција.
На 09.03.2025 околу 23.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Карбинци, на влез во с.Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(36) од с.Карбинци, излетало од патот и удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
На 08.03.2025 во 17.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Н.Р.(33) од кичевското село Зајас, управувајќи четирицикл на шумски пат помеѓу кичевските села Кнежино и Крушино, излетал од патот. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На 09.03.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Карпош, А.О.(38) од с.Долно Свиларе, скопско, пријавил дека на ул.„Момин Поток“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 09.03.2025 во 21.00 часот во ОВР Прилеп, В.А.(63) од Прилеп пријавила дека на ул.„Трајко Тарцан” во Прилеп била касната од куче скитник.
Фото: МИА