МВР Билтен (ДПЛ)
- СВР Велес поднесе кривична пријава против В.А.(34) од Скопје и М.Ж.(70) од Гевгелија поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.
- Post By Виолета Геров
- 15:04, 16 March, 2025

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - СВР Велес поднесе кривична пријава против В.А.(34) од Скопје и М.Ж.(70) од Гевгелија поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 02.03.2025 на наплатна станица Сопот, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое биле пријавените, при што биле пронајдени и одземени 40 пакувања со марихуана.
На 15.03.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле А.М.(45), помошен тренер на ФК Гостивар и Ш.Т.(24), фотограф на ФК Гостивар, двајцата од Република Турција, со привремен престој во државата. По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите ФК „Тиквеш“ од Кавадарци и ФК „Гостивар“, одигран на фудбалскиот стадион во Кавадарци, тие на излез од теренот се обиделе физички да ги нападнат судиите. Подоцна, околу 18.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци биле приведени и Б.Б.(23) и К.Ш.(30), двајцата од Република Турција, со привремен престој во државата, вработени во управата на ФК Гостивар, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 15.03.2025 во 08.45 часот во СВР Скопје, Д.А.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 14.03.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода И.Т.С.(28) од Република Бугарија затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол - Република Бугарија. На лицето му е определена мерка триесетдневен екстрадиционен притвор и бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово.
На 15.03.2025 во 15.18 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на С.Н.(48) од Штип. Од пожарот било зафатено и друго патничко возило „мерцедес“, сопственост на А.Н.(45) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, повредени лица нема и за настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 15.03.2025 во 13.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, К.К.(54) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.И.(24) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. 13.11.2024 полициски службеници извршиле преглед над едно лице од Гевгелија, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин, кои ги набавил од пријавениот.
На 15.03.2025 во 08.20 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на Езеро Младост во Велес со тешки телесни повреди бил пронајден В.Г.(85) од Велес, кој бил пренесен во Општа болница Велес, каде што по кратко време починал. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. Во врска со настанот, а по насока од јавен обвинител, од слобода била лишена 53-годишната С.Г.. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 15.03.2025 во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, О.С. од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 15.03.2025 во 19.25 часот во СВР Скопје, Р.Р.(47) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека вршел работни задачи како такси возач, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2025 во 14.30 часот во Полициската станица Чаир, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 02.03.2025 до 15.03.2025 на гробиштата во Бутел, со употреба на сила и погоден алат, од семејниот надгробен споменик им била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2025 во 19.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Ѓ.И.(84) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во периодот од 13.00 часот на 14.03.2025 до 11.30 часот на 15.03.2025 било пријавено дека настанал пожар во објект на правно лице од Свети Николе. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 15.03.2025 во 20.22 часот во Полициската станица Чаир, И.Б.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Хо Ши Мин“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. вг/
Фото: МИА Архива