• Sunday, 29 September 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Н.(35) Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

МВР денеска соопшти дека на 20.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, МДМА таблети и кокаин.

На 27.09.2024 во 15.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Б.А.(44) од Велес. Тој се сомничи дека со употреба на сила од паркирано товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.З.(19) од Велес, одзел земјоделски производи. Б.А. бил приведен во полициска станица, а дел од производите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.09.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Велес, Љ.А.(36) од Велес пријавил дека од влезот во зградата во која живеел бил одземен неговиот велосипед. По преземените мерки и активности, полициски службеници го пронашле велосипедот кај З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, по што го вратиле на сопственикот.    

На 27.09.2024 во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Н.В.(47) од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон неговата сопруга и полициските службеници кои преземале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2024 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(35) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија и агресивно однесувал кон колеги од фирмата во која порано работел. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2024 во 10.10 часот во СВР Охрид, 37 - годишен маж од Охрид пријавил дека во семејниот дом, неговата сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син и оштетила дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Б. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.07.2024, полициски службеници го забележале пријавениот како фрла пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено.
На 27.09.2024 околу 18.40 часот М.С.(55) од Кичево пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот.

На 27.09.2024 во 15.00 часот во СВР Скопјре, М.А.(45) од Скопје пријавил дека околу 08.00 часот на подрачјето на Карпош, во близина на училиштето во кое учел, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.С.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 27.09.2024 во 23.10 часот СВР Штип, М.М.(63) од Штип пријавил дека околу 19.10 часот во Штип бил физички нападнат од Б.М.(37) од Штип, кој употребил и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.К. и Ј.Г., двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните малолетни деца, додека биле на екскурзија во Спортско – рекреативниот центар Сарај, организирана од основно училиште од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и метални предмети. Според пријавеното, кога учителките на децата реагирале, напаѓачите им се заканиле и заминале. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.А.(22) и М.А.(24), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 24.08.2024, пријавените како соизвршители неовластено навлегле во електронскиот систем на трансакциска сметка на друго лице,  извршиле 11 успешни трансакции на четири продажни места во Штипи на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 8.889 денари.

На 27.09.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Велес, И.Т.(53) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 27.09.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Б.Т.(36) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.09.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Дебар, М.С.(72) од Дебар пријавила дека на ул.„Гоце Делчев“ во Дебар била физички нападната од А.В.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.09.2024 во Полициската станица Пробиштип, Е.Т.(36) од Пробиштип пријавил дека околу 22.45 часот на 27.09.2024 во угостителски објект во Пробиштип бил физички нападнат од С.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.09.2024 околу 15.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во дворот на средно училиште во Гостивар биле пронајдени два куршуми. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар и куршумите биле подигнати за понатамошна постапка.

На 27.09.2024 во 20.35 часот во Полициската станица Кичево, Ј.И.(45) од Кичево пријавила дека на ул.„11 Септември“ во Кичево нејзиниот син Д.А. бил каснат од куче скитник.

На 27.09.2024 во 21.35 часот во СВР Куманово, директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31 - годишна родилка од Куманово. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.  

На 26.09.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Карпош, А.Ј.(24) од Скопје, вработен како координатор на инфо центар во Град Скопје, пријавил дека околу 19.30 часот, додека со негов колега со службено возило вршеле патрола, во близина на депонија, која била исчистена на 25.09.2024 од градските служби, забележале повеќе лица, при што едно од нив со дрвен предмет им го оштетило службеното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј. од Скопје пријавила дека во периодот од 25.09.2024 до 27.09.2024, додека била пријавена за исчезната, врз нејзината 14 – годишна штитеничка била извршена обљуба од лицето С.И.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.09.2024 околу 14.35 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека од домот на Џ.А. се оддалечила нејзината штитеничка Н.А.(16) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.09.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Кичево, Ж.Т.(55) од Кичево пријавила дека на ул.„Рудничка“ во Кичево била касната од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива