• Wednesday, 17 July 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - На 15.07.2024 во СВР Тетово, 35 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од А.А. од тетовски Порој и Ф.С.(30) од тетовско Ларце. Според пријавеното, во мај 2022 година тој се договорил со А.А. да му направи мебел за куќата во вредност од 3500 евра, а како компензација му го дал неговото возило „фолксваген голф“, кое ќе му го префрли на негово име откако А.А. ќе го направи и испорача мебелот. Како што е пријавено, до денот на пријавување А.А. не го направил мебелот и не му го вратил возилото, туку возилото го продал на авто плац на Ф.С., кој пак, го продал во отпад. Ф.С. бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчершниот ден (15.07.2024) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведе регионална акциска контрола за откривање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли, при што преземени биле вкупно 31 мерка (16 на подрачје на Битола и 15 во Прилеп). Исто така, при контролата откриени биле и 21 останати прекршоци.

На 15.07.2024 во 11.20 часот во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со З.О.(45) од неготинско село, поради сомнение дека измамил 54-годишна жена од Демир Капија. Според пријавеното, тие се договориле З.О. да изведува градежни работи кај неа, за што во февруари оваа година му исплатила 100.000 денари, но до моментот на пријавување не ја завршил договорената работа. По документирање на настанот, против З.О. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.М.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.09.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и возилото кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 15.07.2024 полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишиле од слобода Т.Т.(63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево, поради сомнение за инволвираност во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Имено, како што претходно пријавил Т.Т., околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 15.07.2024 во СВР Скопје, Н.Д.(36) од Скопје пријавил дека во 22.30 часот во населба Драчево во Скопје, тој и тројца малолетници од Скопје биле физички нападнати од неколку лица, кои со тврди предмети го оштетиле неговото возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје, 37 - годишна жена пријавила дека на 13.07.2024 во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.К., кој го оштетил и нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.Х.(40) од с.Ласкарци, скопско, пријавил дека околу 21.00 часот во селото неговиот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од М.М.(84). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Л.Х.(41) од Скопје, претставник на правно лице, пријавил дека од местото каде престојувал се оддалечил О.Б.(34) од Непал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 15.07.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје, 32 - годишен маж пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот татко М.А.(55), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.07.2024 во 14.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во стара напуштена куќа. Повредени лица нема, а од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран. Екипа од СВР Скопје извршила увид.

Денеска (16.07.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Р.(25) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.07.2024 во околу 17.24 часот во СВР Битола било пријавено дека во областа над населбата „Девеани”, при гаснење на пожар, со повреди се здобиле двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Битола. Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(56) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 21.02.2024 на регионалниот пат Тетово - с.Пирок, полициски службеници запреле патничко возило управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.  

На 15.07.2024 во СВР Скопје, И.Н.(57) од Скопје пријавила дека околу 11.15 часот пред продажен објект на подрачје на Чаир едно лице ѝ го одзело ковертот со дневниот промет од фирмата во која била вработена. Според пријавеното, друго машко лице, кое вршело достава на производи, му го одзело ковертот на сторителот пред да влезе во такси возило и ѝ го вратил со целата сума во него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Х.(20) и Л.Х.(21), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. Во текот на февруари 2024 пријавените организирале борба на кучиња на која биле присутни повеќе лица. По преземени мерки настанот бил расчистен и едно од кучињата било пронајдено и привремено згрижено.

На 15.07.2024 во 11.54 часот во Полициската станица Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив бил донесен починат Р.М.(25) од Крива Паланка. Според кажување на очевидци, околу 11.30 часот Р.М. бил забележан како стои на оџакот од напуштен објект на ул.„Единство“, од каде паднал, а по него паднала и бетонската конструкција на оџакот, по што веднаш повикале Итна медицинска помош. Лекар констатирал смрт, увид бил извршен од екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Д. (53) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 20.05.2024 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола во автобус управуван од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. 

Денеска (16.07.2024) во 01.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле Т.А.(40) од Кочани, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.K.(39) и Р.К.(64), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење во службено дејствие“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 06.02.2024 во Тетово, пријавените физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

На 14.07.2024 во 05.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во Виница, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Т.(19), со место на живеење во Сојузна Република Германија и С.А.(29) од Виница, од една страна и А.С.(31) од с.Трсино, виничко, од друга страна, при што бил употребен бил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.02.2024 на наплатна рампа Тетово, при контрола на патничко возило, пријавената на увид приложила фалсификувана возачка дозвола.

На 15.07.2024 во 18.50 часот во с.Орман, скопско, до патничко возило „лексус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје, полициски службеници од СВР Скопје со повреда на главата од огнено оружје го пронашле Р.Ч.(67) од Скопје. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и на местото бил пронајден пиштол „Црвена застава“ и чаура. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против У.М.(39) и А.А.В.(24), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за соизвршителство во врска со кривично дело „насилство“. На 03.07.2024, пријавените му се заканувале на О.Х. во неговиот двор.

На 14.07.2024 во 02.20 часот во Полициската станица Пехчево било пријавено дека во  Пехчево, Д.Д.(43) од Пехчево физички ја нападнал својата 76-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Д.(20) и В.Љ.(21), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „одземање на моторно возило“. На 12.04.2024 во Тетово, пријавените физички го нападнале С.Љ. и му го одзеле неговото патничко возило.

На 15.07.2024 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Даме Груев“ во Охрид, С.А.(69) од Охрид бил каснат од куче домашен миленик, сопственост на негов сосед. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.Б.(39) и Ф.Б.(33), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.04.2024, пријавените физички ја нападнале Т.Б.(39), при што употребиле и тврди предмети.

На 15.07.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Берово, 21 - годишна жена пријавила дека во домот во беровско село била физички нападната од својот сопруг М.Б.(25). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.К.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 26.03.2024, пријавениот физички го нападнал својот татко и му нанел повреди. 

Денеска (16.07.2024) во 00.40 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужноморавски бригади“ во Скопје била касната од куче.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Д.(40) од Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 22.04.2024, по претходна расправија, пријавената со патничко возило ја удрила Ж.Ј. и нејзиното патничко возило.

На 15.07.2024 година во 21:25 часот, З.А.(44) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „11 Септември“ во Кичево, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.  вг/

Фото: МИА Архива