• Thursday, 26 December 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(69) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Како што денеска соопшти МВР, тој на простор на поранешното АД „Трудбеник“ во Охрид, узурпирал катастарски парцели во државна сопственост, кои со одлука на Совет на општина Охрид се отстапени на времено користење на ЈП „Билјанини извори“, каде незаконски вршел наплата за паркинг услуга.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.С.(59) од кичевското село Црвевци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Тој, на 19.11.2024 на патничко возило „фолксваген туран“, кое не било царинето, извршил замена на регистарските таблички од друго моторно возило за да да го управува и користи во сообраќајот.

На 23.12.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, З.Г.(64) од Скопје, со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки поминал преку ногата на малолетничка од Скопје и со возилото го напуштил местото. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле и привеле лицето во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.12.2024 во 15.30 часот во скопско село, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Д.(38) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.30 часот на автобуска постојка во друго скопско село физички ја нападнал својата поранешна 39-годишна сопруга, по што ја заклучил во неговата куќа и упатувал закани кон неа и нивните деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.12.2024 во 16.44 часот во СВР Скопје, Е.З.(25) од Скопје пријавил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р.(36) од Скопје со пиштол испукал еден проектил кон него, но не го погодил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Денеска (24.12.2024) во 03.30 часот во СВР Скопје, Г.Д. пријавил дека на 23.12.2024 околу 23.30 часот на работното место во угостителски објект на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, тој и неговиот колега Т.Ц. биле физички нападнати од едно лице – гостин во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (24.12.2024) во 01.25 часот во СВР Скопје, Ѓ.Е.Т.(19) од Република Турција пријавил дека на 23.12.2024 околу 18.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (24.12.2024) во 08.30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот син С.И.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.12.2024 во 11.15 часот во СВР Скопје, М.В.(40) од Скопје пријавила дека на 20.12.2024 околу 21.30 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои дел ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.12.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.12.2024 и на 23.12.2024 околу 18.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот син Б.Л.(28) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.12.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје бил пријавено дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со повреди била донесена Т.Д.(43) од Скопје, која претходно, според пријавеното, паднала во кругот на комплексот и се здобила со повреди.

На 22.12.2024 во 07.10 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 07.00 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот партнер В.К.(40) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На  22.12.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје, Ќ.Ј.(83) пријавил дека на подрачјето на Драчево, бил физички нападнат од С.Р.(34), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 23.12.2024 во 19.50 часот во ОВР Гостивар, Д.Ш.(37) од с.Србиново, пријавил дека околу 18.00 часот во селото, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 24.12.2024 во 00.10 часот во СВР Битола, Т.С.(38) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак” во Битола, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 23.12.2024 во 18.00 часот, Б.С.(46) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.Д.(28) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 21.10 до 28.10.2023, пријавениот со употреба на сила влегол во куќа во Крива Паланка, сопственост на Г.Р. и О.Р., двајцата од Скопје, и одзел накит.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 16 – годишна малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба во обид“. На 07.11.2024 во Тетово, пријавената одзела патничко возило „рено“, сопственост на А.С., а на 08.11.2024, со употреба на сила, влегла во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на Е.С., го стартувала, а по кратко време го оставила и заминала.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.О.(53) од с.Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 05.11.2024, при извршен увид од ЕВН Македонија во куќата на пријавениот, било констатирано дека извршил неовластено поврзување и неовластено користел електрична енергија од мрежата на ЕВН.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Џ.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 20.10.2024, пријавениот во два наврати со патничко возило удрил во возилото кое го управувал А.К., по што го извлекол од возилото и физички го нападнал.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Р.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешка телесна повреда“. На 10.04.2024 во двор во Кочани, пријавениот со патничко возило „југо“ влетал со голема брзина и удрил во маса на која седеле С.Т. и нејзиното семeјство, а потоа со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на Ш.Т.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.Ц.(40) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.11.2024 на паркинг простор во Крива Паланка, пријавениот физички го нападнал Б.Д ,неговиот колега С.Д и Ј.М..
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Б.(36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.05.2023 на ул.„Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Г.(44) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и други предмети со остатоци од хероин, кокаин и метадон.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Г.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.10.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.З.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.10.2024 во кругот на Казнено -  поправната установа Затвор Идризово, при преглед над пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.К.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, во кое совозач бил пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин, мобилни телефони и пари, а при извршен претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени куршуми.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ќ.(19) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.10.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 02.02.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „порше“, управувано од пријавениот, при што кај него и во возилото биле пронајдени и одземени пиштол „Застава ТТ“ со рамка со куршуми, поголема количина на накит, мобилни телефони, боксирач, куршуми и нож.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 17 - годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 12.09.2024, поради претходно недоразбирање, пријавениот физички и со тврд предмет нападнал друг малолетник од Тетово.  

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „измама“ во обид и против М.А.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „помагање“ во врска со „измама“ во обид. Првопријавениот, со помош на второпријавената, во периодот од 01. до 13.12.2024 телефонски контактирал неколку оштетени, претставувајќи се како јавен обвинител и ги доведувал во заблуда дека против нив е отворена истрага во Основното јавно обвинителство Скопје. Притоа, од нив барал да платат 600 евра за да не одат во притвор. Исто така, на 13.12.2024 ги довел во заблуда С.М. и М.Ч., претставувајќи се како државен санитарен инспектор. Притоа, тој ги известил дека од продажен објект во Гевгелија имало труење со храна на дете, при што побарал да му исплатат 1.000 евра.  цр/

Фото: МИА архива