• Saturday, 19 October 2024

Мареска: Грешка е да се мисли дека Палмер ќе ги реши сите наши проблеми

Мареска: Грешка е да се мисли дека Палмер ќе ги реши сите наши проблеми

Лондон, 19 октомври 2024 (МИА) - Менаџерот на Челси, Енцо Мареска ги предупреди своите играчи дека не можат да се потпираат на Кол Палмер за да ги „решат сите проблеми“ додека се подготвуваат за исцрпувачката серија на натпревари во Премиер лигата, почнувајќи со дербито против Ливерпул во недела.

По натпреварот на „Енфилд“, во кој Мареска ќе биде без суспендираните Марк Кукуреја и Весли Фофана во одбраната, „сините“ играат со Њукасл на домашен терен пред да отпатуваат на „Олд Трафорд“ за да се соочат со Манчестер Јунајтед.

-Ако мислиме дека Кол Палмер ќе ги реши сите наши проблеми, тоа е голема грешка. Имаме многу играчи на кои им оди добро. Не се работи само за Кол, туку и за целиот тим. Во моментов не гледам дека Челси е блиску до клубови како Манчестер Сити и Арсенал поради многу причини, но ние секако работиме секој ден за да бидеме блиску до Ливерпул. Единствениот начин е да се фокусираме на работите, кои треба да ги подобриме. Малку е тешко да се размислува за тоа каде можеме да бидеме по четири натпревари, изјави Мареска. дс

Фото: Архива