Манчестер јунајтед загуби од Лидс, Окафор постигна два гола
- Манчестер јунајтед синоќа загуби со 2:1 дома од Лидс во 32. коло од Премиер лигата.
Манчестер, 14 април 2026 (МИА) - Манчестер јунајтед синоќа загуби со 2:1 дома од Лидс во 32. коло од Премиер лигата.
Ноа Окафор ги постигна двата гола за гостите. Швајцарскиот напаѓач погоди во 5. и 29. минута.
Во 56. минута, домаќините останаа со десет играчи откако Лисандро Мартинез беше исклучен поради кубење противнички играч. Со десет играчи, Јунајтед успеа да врати еден гол, Каземиро реализира во 69. минута.
Манчестер јунајтед со 55 бода остана на третото место во Премиер лигата, додека Лидс ја прекина серијата од шест натпревари без победа во Англиското првенство и е 15. на табелата со 36 бодови. зс/
Фото: ЕПА