Манчестер јунајтед е подготвен да потроши 230 милиони евра во првиот преоден рок под водство на Аморим
- Манчестер јунајтед планира да ангажира тројца играчи во зимскиот преоден рок. Според „Football365“, англискиот тим е подготвен да потроши 230 милиони евра за купување нови фудбалери.
Манчестер, 25 декември 2024 (МИА) - Манчестер јунајтед планира да ангажира тројца играчи во зимскиот преоден рок. Според „Football365“, англискиот тим е подготвен да потроши 230 милиони евра за купување нови фудбалери.
Новиот тренер на тимот, Рубен Аморим, сака повторно да соработува со напаѓачот Виктор Дикереш. Во договорот на Швеѓанецот со Спортинг Лисабон е предвидена сума за обештетување од 80 милиони евра.
Исто така Аморим сака да го ангажира и напаѓачот на Барселона Рафиња. И овој трансфер би чинел околу 80 милиони евра.
По 17 кола, Манчестер јунајтед е на 13. место во поредокот на англискиот шампионат со 22 бода.
Аморим го предводи тимот од почетокот на ноември годинава, но ниту неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ не придонесе за подобрување на резултатите на тимот. зс/
Фото: ЕПА