• Saturday, 13 December 2025

Макрон идната недела ќе се сретне со германскиот канцелар во заминување Шолц

Макрон идната недела ќе се сретне со германскиот канцелар во заминување Шолц

Бeрлин, 14 март 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон na 18 март ќе го посети Берлин, каде ќе се сретне со германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц, потврди денеска портпаролот на германскиот лидер.

Разговорот на Макрон и Шолц ќе се фокусира на прашањата на европската политика во пресрет на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел што ќе се одржи идната недела, се вели во изјавата на портпаролот.

Според портпаролот, тема на средбата меѓу Шолц и Макрон ќе биде и развојот на ситуацијата во Украина. рп/

Фото: МИА архива