• Sunday, 29 September 2024

Македонката Ведрана Тунески освои злато на Е2 во Тирана

Македонката Ведрана Тунески освои злато на Е2 во Тирана

Тирана, 28 септември 2024 (МИА) – Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на Е2 Тирана Опен во конкуренција на каедтки -41 кг.

-Македонската репрезентативка од клубот Бутел на најсилно рангираниот младински таеквондо турнир во светот забележа четири победи. Совладани беа: Јовиќиќ Милјана од Црна Гора, Парисела Аурора од Италија, Гомез Дијаз од Шпанија и актуелната светска шампионка Вирџинија Ламптис од Италија, сопшти синоќа тренерот на Тунески, Борче Костовски.

Да потсетиме Ведрана Тунески е бронзен медалист од Европско пионерско првенство. зс/

Фото: Фејсбук