Магла на патните правци Тетово - Скопје и Тетово - Попова Шапка, на Буково и на Ѓавато
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на планинските превои Буково и Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат.
- Post By Сашо Арсовски
- 18:15, 23 January, 2026
Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на планинските превои Буково и Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат.
Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.са/
Фото: МИА архива