Лукашенко го назначи Максим Риженков за министер за надворешни работи на Белорусија
- Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска донесе голем број одлуки за именувања на високи позиции, меѓу кои е и назначувањето на Максим Риженков за министер за надворешни работи на таа земја.
Минск, 27 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска донесе голем број одлуки за именувања на високи позиции, меѓу кои е и назначувањето на Максим Риженков за министер за надворешни работи на таа земја.
Риженков претходно беше прв заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Белорусија, јавија белоруските медиуми.
Претседателот на Белорусија го назначи Дмитриј Крутој за шеф на неговата администрација, а Наталија Пјаткевич за прв заменик. рп/
Фото: МИА архива