• Wednesday, 17 July 2024

Локализиран пожар кај неготинско Црвени Брегови, се следи состојбата на терен

Локализиран пожар кај неготинско Црвени Брегови, се следи состојбата на терен

Неготино, 16 јули 2024 (МИА) - Локализиран е пожар кај неготинското село Црвени Брегови, се следи состојбата на терен, информираше попладнево градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. 

-Поради појава на нов пожар во близина на населеното место Црвени Брегови, апелирав на голема внимателност. Воедно упатуваме и апел до сите граѓани кои патуваат со своите моторни возила или пак се движат во предели каде има шума или сува трева, да не фрлаат запаливи предмети и отпадоци (отпушоци), во интерес на општата безбедност на заедницата, соопшти Стојанов. 

Се уште е активен пожарот на планината Серта што избувна во средата во 10:30 часот. свд/

Фото: Горан Стојанов 

You May Also Like