• Tuesday, 03 February 2026

Лишен од слобода жител на неготинско село, обвинет за напад врз неговиот тетин

Лишен од слобода жител на неготинско село, обвинет за напад врз неговиот тетин

Неготино, 3 февруари 2026 (МИА) - Жител на неготинско село бил лишен од слобода, откако во полиција било пријавено дека физички го нападнал неговиот тетин.

Од Секторот за внатрешни работи - Велес денеска информираа дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода 31-годишник од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнал неговиот 61-годишен тетин.

- Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. свд/вј/

Фото: МИА архива