• Saturday, 28 February 2026

Лишено од слобода лице од тетовско осомничено за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Лишено од слобода лице од тетовско осомничено за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетовово денеска во село Палатица, тетовско, лишиле од слобода лице осомничено за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции.

Лицето, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, било приведено во полициска станица, а со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди.  

-На 27.02.2026 во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни, информираат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против лицето, како што информираат од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава. аа/вј/

Фото: МИА архива

 

 

 

You May Also Like