Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно возење
- Како што соопшти МВР, од овие 14 возачи осум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, четворица управувале возило под дејство на алкохол и еден возач го управувал возилото со поголема брзина од дозволената. Две лица во Кавадарци, еден малолетник во Тетово и по еден возач во Скопје, радовишко, Гостивар, Битола и Дебар возеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, додека по едно лице во Струга, Прилеп, Чашка и Богданци управувале возило под дејство на алкохол. Еден возач на територија на Гевгелија управувал возило со поголема брзина од дозволената.
You need to login to view this page en