• Wednesday, 02 October 2024

Литванија назначи нов селектор пред евроквалификациските дуели со македонските кошаркари

Литванија назначи нов селектор пред евроквалификациските дуели со македонските кошаркари


Каунас, 1 октомври 2024 (МИА) – Римас Куртинаитис е назначен за нов селектор на машката кошаркарска репрезентација на Литванија, јавија денеска локалните медиуми.
Куртинаитис седнува на селекторската клупа на местото на Казис Максвитис, кој поднесе оставка во јули откако не успеа да ја однесе Литванија на олимпискиот турнир во Париз.
Куртинаитис (64) на клупата на Литванија ќе дебитира во ноември на натпреварите против Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.
Македонија на 21 ноември ја пречекува Литванија, а реваншот е на програмата на 24 идниот месец. ег

ФОТО: Фејсбук