Лиски, галеби и корморани се најзастапените дојрански водни птици, кои ја задржале бројноста во последните пет години
- За приближно 2.000 единки, во споредба со минатата година, нараснал бројот на водни птици, чие редовно живеалиште преку зимата им е Дојранското Езеро, покажаа резултатите од годинешниот зимски попис на птици изработен под водство на Македонското еколошко друштво (МЕД). Од таму додаваат дека вкупно 6.209 водни птици се избројани во Дојран, а како и во изминатите години, најзастапени се лиските, галебите и кормораните и по нив по бројност следуваат разни видови нуркачи и патки.
You need to login to view this page en