• Wednesday, 13 November 2024

Линднер: Трката за канцелар веќе е завршена, Мерц ќе биде новиот германски канцелар

Линднер: Трката за канцелар веќе е завршена, Мерц ќе биде новиот германски канцелар

Берлин, 12 ноември 2024 (МИА) – Лидерот на партијата на Слободни демократи (ФДП), Кристијан Линднер, денеска изјави дека верува оти трката за канцеларската функција всушност е веќе завршена и оти следен канцелар ќе биде претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, пренесоа германските медиуми.

Следните парламентарни избори, како што вели, „речиси со целосна сигурност“ ќе донесат промена на канцеларската позиција, објави n-tv.de.

- Претседателот на ЦДУ Фридрих Мерц ќе биде следниот канцелар, рече Линднер, додавајќи дека верува оти трката за канцеларската позиција всушност е веќе завршена. Прашањето, рече Линднер, е со кого Мерц ќе владее.

Според него, можните опции се црно-црвена или црно-зелена коалиција.

- Сето тоа е еден вид посветла верзија на коалицијата на семафорот, посочи тој. ЦДУ тогаш само би се приспособила, поради што, како што смета тој, ФДП мора да биде силна за да има шанса да влезе во следната влада.

Целта е двоцифрена“, изјави Линднер.

Либералите трет пат по ред мора да освојат најмалку 10 отсто од гласовите, пишува n-tv.de, а во моментов, според истражувањето на RTL/ntv, имаат четири отсто поддршка од граѓаните.

Како што јавија претходно денеска германските медиуми, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и партијата на Слободните демократи (ФДП) го предложија 23 февруари за датум за предвремени парламентарни избори. јт/

Фото: МИА архива