• Saturday, 13 December 2025

Ликовни уметници твореа во манастирскиот комплекс во Неготино

Ликовни уметници твореа во манастирскиот комплекс  во Неготино

Неготино, 15 октомври 2025 (МИА) - Ликовни уметници твореа во  манастирскиот комплекс во Неготино, во рамките на настанот именуван ,,Македонски ликовен хепениг", поддржан од Министерството за култура и туризам, а во организација на Националната установа Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев" од овој град. 

- Во манастирскиот комплекс ,,Св. Ѓорѓи", насликани беа прекрасни дела во една извонредна атмосфера. Твореа реномирани уметници, кои долго време се бават со уметност и имаат зад себе оставено врвни дела. Со ова уште еднаш се докажува долгогодишната соработка помеѓу уметниците од Неготино и Кавадарци, рече Виолета Стојановска, директорка на Центарот за култура.

Создадените дела ќе бидат претставени на претстојната изложба, во фоајето на Центарот за култура во Неготино. свд/

Фото : Центар за култура Неготино 

You May Also Like