Ливерпул повтори антирекорд на Челси и Манчестер Сити
- Ливерпул повтори антирекорд на Челси и Манчестер Сити во ФА Купот. „Црвените“ беа елиминирани по поразот на гостувањето кај Плимут Аргил со 0-1 во 4. коло од најстарото натпреварување во англискиот фудбал. Рајан Харди го постигна единствениот гол од пенал за сензационалниот успех на вториот во екипниот поредок во Чемпионшип.
- Post By Спорт Миа
- 09:25, 11 February, 2025
![Ливерпул повтори антирекорд на Челси и Манчестер Сити](https://mia.mk/images/20250211092504_big_730x400_71.webp )
Ливерпул, 11 февруари 2025 (МИА) - Ливерпул повтори антирекорд на Челси и Манчестер Сити во ФА Купот. „Црвените“ беа елиминирани по поразот на гостувањето кај Плимут Аргил со 0-1 во 4. коло од најстарото натпреварување во англискиот фудбал. Рајан Харди го постигна единствениот гол од пенал за сензационалниот успех на вториот во екипниот поредок во Чемпионшип.
Ливерпул стана четвртиот тим кој е елиминиран од Премиер лигата како лидер од противник од пониска лига. Од создавањето на Премиер лигата, тоа им се случило на Лидс против Кардиф во 2002 година, како и на Челси и Сити против Брадфорд (2015) односно Виган (2018).
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот го потцени натпреварот и ги остави повеќето од своите ѕвезди надвор од групата.
Од своја страна, Плимут, кој води жестока битка за опстанок во второто ниво на англискиот фудбал, победи исто толку тимови од елитата во 2025 година (Брентфорд и Ливерпул за ФА Купот), исто колку и во Чемпионшип (Портсмут и ВБА) од почетокот на ноември. дс
Фото: Архива