• Thursday, 17 October 2024

Либанскиот премиер Микати го осуди Израел за ракетирањето на градот Набатијех и убиството на градоначалникот

Либанскиот премиер Микати го осуди Израел за ракетирањето на градот Набатијех и убиството на градоначалникот

Бејрут, 16 октомври 2024 (МИА) - Премиерот на Либан, Наџиб Микати денеска ги осуди смртоносните ракетни напади на израелската армија (ИДФ) врз градот Набатиех на југот на Либан, во кои загина и градоначалникот на тој град, Ахмад Калил.

Тој оцени дека Израел намерно извршил напад врз зградата на општината каде се одржувала седницата на општинскиот совет.

„Премиерот ја осудува новата израелска агресија врз цивилите во градот Набатиех и намерниот напад врз општинската зграда каде општинскиот совет расправаше за услугите во градот и ситуацијата со хуманитарната помош“, се вели во официјалното соопштение од канцеларијата на Микати, кое го пренесува „Гардијан“.

Гувернерот на провинцијата Набатиех, Ховаида Турк, изјави дека „во масакрот извршен од Израел, градоначалникот Ахмад Халил загинал“ во општинската зграда.

Либанското Министерство за здравство објави дека уште најмалку пет лица се убиени во нападите на ИДФ врз зградата на општина Набатиех и други канцеларии на локалната управа на градот, објави претходно Ал Џезира, наведувајќи дека во тек се операции за пребарување и спасување на преживеаните. рп/

Фото: МИА архива