• Saturday, 27 July 2024

Лефков: Дрин Ахмети добивал милионски тендери 

Лефков: Дрин Ахмети добивал милионски тендери 

Скопје, 27 јули 2024

Почитувани,

Ограбена држава - Дрин Ахмети добивал милионски тендери, иако го оштетил Буџетот и владата на СДС и ДУИ требало да му ја одземе лиценцата.

Дрим Ахмети преку Еверст ЏД, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери.

Затоа што Бектеши не му ја одзел концесијата на Дрин Ахмети, иако требал и морал, тој сепак продолжил да работи и како таков добивал тендери. Имено фирмата се јавува како носител на договори за јавни набавки во државните институции АД „ЕСМ” во вкупен износ од 7.670.000 денари со вклучен ДДВ и договор за јавна набавка кај ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп во вкупен износ од 944.000 денари со вклучен ДДВ.

Над 8 ипол милиони денари се тендерите кои ги добила фирмата на Ахмети, а на кои немало да учествува ако владата на СДС и ДУИ и Крешеник Бектеши постапеле по закон.

Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи.

Вака изгледа кон институциите не работат за граѓаните, туку за елитите на власт. Ова време заврши, затоа се се погласни во лагите и клеветите и СДС и ДУИ. Но колку и да лажат и клеветат, мора да знаат дека одговорноста за секоја нерегуларнорност која ја направиле доаѓа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.