• Friday, 19 July 2024

Леклер: Сè уште е можна титула во 2024 година

Леклер: Сè уште е можна титула во 2024 година

Будимпешта, 18 јули 2024 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер во пресрет на неделната трка во Будимпешта, зборуваше за неговите амбиции оваа сезона.

Леклер е уверен дека тој и Ферари имаат шанси да го освојат шампионскиот трофеј во Формула 1 шампионатот.

- Во последните трки не сме баш онаму каде што сакаме да бидеме и ова е мојот главен приоритет. Да се вратам на брзината што ќе ни овозможи да се бориме за пол-позиции и победи. Би очекувал да се бориме со Мекларен и Ред Бул откако ќе го извлечеме максимумот од надградбите. Сè уште верувам дека е можно да се постигнат највисоките цели, а тоа е титулата. Навистина мислам така.Треба да се фокусираме на секој детал. Сезоната е уште долга, а јас верувам во успех, изјави Моначанецот.

Во моментов Леклер е трет во пордокот во Формула 1 со 150 бодови, зад Ландо Норис кој има 171 и Макс Верстапен со 255. зс/

Фото: ЕПА