• Wednesday, 17 July 2024

Левица: Пациентките кои направиле скрининг - мамографија за резултати чекаат и до три месеца

Левица: Пациентките кои направиле скрининг - мамографија за резултати чекаат и до три месеца

Скопје, 16 јули 2024
 
Пациентките кои живеат во внатрешноста на Р.Македонија се жалат дека за резултат од скрининг мамографија чекат и до 3 месеци од датумот на снимање!
 
На пример во ЈЗУ Општа Болница Велес се снима мамографија, но бидејќи тука нема радиолог, резултатот за читање се препраќа во Универзитеската Клиника за Радиологија во Скопје.
 
Со оглед на тоа дека целта на скриниг мамографијата е рана и навремена детекција на карцином на дојка, апелираме до Минитерство за здравство побрзо решавање на овој сериозен проблем со цел пациентките кај кои ќе биде откриен карцином на дојка да можат да добијат и навремен третман.
 
ПП Левица
 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.