• Saturday, 05 October 2024

Левица: Од 24 капитални инвестиции вредни 4 милијарди евра, Владата завршила само еден проект

Левица: Од 24 капитални инвестиции вредни 4 милијарди евра, Владата завршила само еден проект

Скопје, 7 јули 2024

Државниот завод за ревизија откри многу слабости и нерегуларности во работата на Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија. ДЗР подготви и посебен извештај испратен до државните институции во којшто има сомнежи за корупција.
 
Од вкупно 24 капитални проекти, за пет проекти, иако подготовките се започнати пред повеќе години, сè уште нема склучено договори за градба. За останатите 19 проекти биле потпишани договори во вредност од над 2,7 милијарди евра, а досега се потрошени над 940 милиони евра.
 
И покрај потрошената скоро една милијарда евра, само еден од овие проекти е завршен. Кај четири проекти, раскинати се договорите, од кои за три има меѓународна арбитража и побарување за штета во вкупен износ од 45,5 милиони евра. За два проекта постои неизвесност поради изминат рок на градба.
 
Проектите се планираат по повеќе од 10 години, се обезбедуваат кредити, па потоа не се гради според планираното; се прават анекси и се испумпуваат пари од буџетот на РМ. Само за автопатот Кичево-Охрид којшто започна да се гради во 2014 година, досега се направени анекси во износ од 180 милиони евра.
 
Левица во својата програма предлага формирање на Централна планска агенција која ќе ја преземе функцијата за капитални инвестиции од Министерството за финансии. Со ЦПА ќе раководи стручно лице кое ќе има мандат подолг од мандатот на пратенциите. Со тоа ќе се спречи досегашната практика на земање милионски кредити за наводно капитални инвестиции, кои никогаш нема да бидат завршени, а кредитите ќе треба да се враќаат со камати.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.