Левица: Гаши го прекрши Уставот и ја погази секуларноста, ќе поднесеме интерпелација
- Во Собранието на Република Македонија, во салата Борис Трајковски се одбележа Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница, каде коалициониот партнер на ДПМНЕ и ЗНАМ - спикерот Африм Гаши оддржаа молитва, со што го прекрши Уставот на државата, ја погази секуларноста и сите норми на правната држава.
- Post By Виолета Геров
- 18:48, 12 July, 2024
Скопје, 12 јули 2024
Во Собранието на Република Македонија, во салата Борис Трајковски се одбележа Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница, каде коалициониот партнер на ДПМНЕ и ЗНАМ - спикерот Африм Гаши оддржаа молитва, со што го прекрши Уставот на државата, ја погази секуларноста и сите норми на правната држава.
Имено, Гаши иницирал религиски обред - молитва во Собранието на Република Македонија со што директно е прекршен член 19 од уставот на Република Македонија. Дополнително, тој не го испочитувал уставното нечело дека сите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата.
Оценуваме дека ова анти-државно, анти-уставно и анти-секуларно однесување е реализирано во заеднички договор на владејачката коалиција. За жал ова не е единствено вакво однесување на Африм Гаши по давањето заклетва од страна на собранискиот спикер на албански јазик.
Левица го осудува ваквото поведение - секуларноста е еден од основните принципи за функционално демократско општество, и затоа ќе поднесе интерпелација против собранискиот спикер за ова своеволие.
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
_____________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива