• Saturday, 22 February 2025

Левица: Владата дозволува ЕВН легално да ги краде граѓаните преку сметките за струја

Левица: Владата дозволува ЕВН легално да ги краде граѓаните преку сметките за струја

Скопје, 22 февруари 2025 

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај, ЕВН  продолжува да испорачува неточни, често енормно зголемени сметки за електрична енергија, претворајќи го снабдувањето со струја во легализирана кражба! Наместо корекција на грешките и заштита на граѓаните, Владата и покрај измисленото Министерство за енергетика, останува глува и немо набљудува како народот ја плаќа оваа неправда. Не преземањето чекори за спротивставување на оваа кражба, партиите на власт ги прави соучесници во процесот.

 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) призна дека има масовни грешки во сметките, но тоа не е доволно! Каде е казната за ЕВН? Каде е одговорноста за изиграниот народ? Наместо ефикасен надзор и заштита, власта дозволува монополската компанија без последици да ги извлекува последните денари од џебовите на граѓаните. Наместо конкретен план и програма за надминување на оваа состојба, министерката за енергетика се слика за лична промоција со финансиерите на нејзината партија.

 Дополнително, срамно е што им се препорачува на граѓаните сами да ги отчитуваат броилата за да избегнат кражба! Тоа е признание дека системот не функционира, додека на ЕВН намерно му се дозволува да прави манипулации! Народот не смее да биде принуден да се брани сам од организираниот грабеж, државата е таа што треба да го заштити!

Левица бара итни мерки:

 - Строга контрола и казни за ЕВН за секоја грешка во сметките;
 - Автоматски поврат на неправедно наплатените средства со камата;
 - Одземање на лиценцата на ЕВН ако продолжи со системското поткрадување;
 - Политичка одговорност за институциите што го штитат овој енергетски рекет;
 - Веднаш да се постави еталон за броилата за потрошена електрична енергија во Бирото за метрологија;

Дoста е од негрижа и заштита на профитерите на грбот на народот! Зарем треба народот да ги преземе работите во свои раце?

Левица

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива