Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
- Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, е прогласен за играч на последната недела од основниот дел на НБА-лигата сезона 2025/26.
Лос Анџелес, 14 април 2026 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, е прогласен за играч на последната недела од основниот дел на НБА-лигата сезона 2025/26.
Клубот одигра пет натпревари во текот на изминатата недела од кои неговиот тим забележа победа на три.
Во текот на петте натпревари, Џејмс имаше просек од 24 поени, 9,7 асистенции и шест скока.
Признанието е 70. во кариерата на 41-годишниот Џејмс.
Лос Анџелес лејкерс во првото коло од плејофот ќе се соочат со Хјустон рокетс. зс/
Фото: ЕПА