Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
- Македонската ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2027 во Германија во баражот од третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка што се игра во март годинава
- Post By Спорт Инфо
- 18:50, 31 January, 2026
Скопје, 31.јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2027 во Германија во баражот од третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка што се игра во март годинава.
Селекторот Кирил Лазаров повика на внимателност и сериозен пристап, без разлика кој ќе биде противник.
- Треба да бидеме задоволни од извлекувањето. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на успеси. Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија.
Првиот натпревар македонските ракометари ќе го играат на гости 13-14.мај, а реваншот на домашен терен 16-17.мај. мн/
Фото: РФМ