Лажна дојава за поставена експлозивна направа во основно училиште во Куманово
- Во едно основно училиште во Куманово имало дојава за поставена експлозивна направа, соопшти полицијата која по извршените контроли констатирала дека пријавата е лажна..
Куманово, 19 март 2026 (МИА) - Во едно основно училиште во Куманово имало дојава за поставена експлозивна направа, соопшти полицијата која по извршените контроли констатирала дека пријавата е лажна.
-Денеска околу 12:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на електронска адреса на основно училиште во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки, извршени се проверки и констатирано е дека се работи за лажна пријава - наведуваат од полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. ам/вј
Фото: МИА архива