• Wednesday, 17 December 2025

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот

18 јули 2025

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции, овојпат преку брутална партизација на една од најсериозните и најчувствителни служби М-НАВ, институцијата која се грижи за безбедноста на сите нас во воздух.

На огласот за нови вработувања, избрани се лица кои од квалификации единствено имаат партиска книшка. Во М-НАВ, место професионалци кои знаат англиски и имаат стручни лиценци, ВМРО-ДПМНЕ вработува, сопруг на директорка на Централен регистар, сопруга на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседател на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Се врши класичен упад во институцијата отфрлајќи кадри кои ги имаат сите потребни квалификации а се примаат партиски војници. Некои од кандидатите дури не знаеле англиски, а сепак биле фаворизирани, додека другите кандидати без партиски врски биле одбиени.

За скандалот да е поголем, интервјуата ги вршеле само директорите од Управниот одбор на М-НАВ без претставници на синдикатот на контролори на летање. Сето ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ го претвора М-НАВ во партиска филијала, наместо во професионална служба која штити животи.

М-НАВ не е партиска играчка. Таму се работи за безбедноста на луѓето во авиосообраќајот, за контрола на воздушниот сообраќај, за сериозни задачи кои бараат врвен професионализам и стручност.

Со своите одлуки, ВМРО-ДПМНЕ директно ја загрозува безбедноста на граѓаните и ја урнисува довербата во една од најважните институции.

СДСМ бара итно поништување на спорниот оглас, враќање на професионалните критериуми и оставка од сите кои го овозможија овој срам.

Ќе продолжиме да ја разобличуваме оваа власт која ги гледа институциите само како шанса за партиски вработувања и криминал, а граѓаните ги остава на милост и немилост.

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Треба ли да станеме јужноамериканско гето за Тошковски да поднесе оставка?

Се случува вистински хорор со безбедносната состојба. Бараме итно расчистување на случајот, но очигледно е дека Тошковски целосно ја изгуби контролата над безбедносната состојба во државата. Ова што се случува веќе е крајно загрижувачки, сведоци сме на секојдневно пукање, палење возила, напади на службени лица. Криминалот и бандите се чувствуваат заштитено и безбедно со оваа власт и тоа е директна последица на неспособноста на Тошковски, но и толерирањето на криминалците. Тошковски мора да си оди од позицијата министер пред државата целосно да се препушти во владение на бандите по улиците. Полека, но сигурно ни се случува да се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата. Мицковски вели дека мајките можеле мирно да спијат, Тошковски вели дека безбедноста е подобрена, ова се лаги кои граѓаните со потсмев, но и со страв ги дочекуваат. Потребно е да се сфати од страна на власта дека со безбедноста нема играње и таа не смее да биде предмет на нивниот дневен ПР.

Линк до видео: https://youtu.be/ynWuu1xvfMQ

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки


 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 18 јули 2025

 


СДСМ