Кривична пријава за тројца вевчанци вработени во шумско стопанство „Јабланица“ го оштетиле буџетот за 280.000 денари
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61) и А.А.(60), сите од општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење во службата“, соопшти денеска СВР Охрид.
Струга, 17 април 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61) и А.А.(60), сите од општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење во службата“, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, лицата вработени во подрачното одделение на шумско стопанство „Јабланица“ - Струга, со несовесно работење причиниле материјална штета на ЈП „Национални шуми“ и на државнито буџет во износ од 280.436 денари.
Првопријавениот, како што е наведено, на работно место раководител во подрачно шумско стопанство „Јабланица“ - Струга, со неизвршување надзор на целокупната постапка на посечената дрвна маса, транспорт и наплата, не спречил незаконско работење на вработените, со што овозможил имотна корист.
Второпријавениот, на работно место референт за користење заштита и одгледување на шуми во ПШС „Јабланица“ - Струга, пропуштил должен надзор на посечената дрвна маса, постапување и транспорт на дрвната маса.
Додека, третопријавениот, според соопштението на СВР Охрид, на работно место референт за сеча и дотур, искористувајќи ја својата службена положба несовесно работел, издавал испратници за превоз на бесправна сеча директно на физички лица, која претходно ја жигирал иако знаел и бил свесен дека е спротивно од правилникот од Законот за шуми и од Правилник за видот и начинот на жигосување за исечено дрво, начинот на издавање на испратница и пуштање во промет на исечена дрвна маса. сс/вј/
Фото: МИА архива