• Monday, 17 March 2025

Крањ изразува сочувство за трагичната несреќа во Кочани

Крањ изразува сочувство за трагичната несреќа во Кочани

Крањ, 16 март 2025 (МИА) - „Во Крањ со ужас и очај ги следиме трагичните вести од нашиот пријателски град Кочани во Северна Македонија. Во пожарот загинаа најмалку 50 млади луѓе. Нашите мисли се со вас, наши драги пријатели“, се наведува во реакцијата на овој словенечки град, објавена на страницата на општина Крањ.

„Наше искрено сочувство“, се наведува во реакцијата за пожарот во Кочани, град кој од 2008 година е збратимен со Крањ.

Во меѓувреме, бројот на починати се искачи на 59 лица. ссм/

фото: принтскрин